Еколошки налепници и субвенции, ама не за сите

Еколошки налепници и субвенции, ама не за сите

Новиот закон за возила е донесен со мали, но суштински измени во однос на претходните негови верзии

Објавено на 1 август 2019 година

Помина скоро година дена откако на голема врата беше промовиран во јавноста, за конечно новиот закон за возила да биде донесен од собранието. Главните нови во него остануваат – еколошките налепници и субвенциите кои имаат за цел подновување на возниот парк и намалување на загадувањето од возилата, но сепак со мали корекции доживеа суштински измени во однос на н негови работни верзии. Така еколошките налепници остануваат, но нема да бидат задолжителни за сите – нив ќе мора да ги имаат оние кои ќе сакаат слободно да се движат во сообраќајот во деновите во кои локалната самоуправа ќе оцени дека воздухот е презагаден. Измени има и кај субвенциите, од кои се исклучени електричните и хибридните возила – остануваат оние за вградување на плински или уред на метан и друг вид на алтернативно гориво кои ќе се движат до 300 евра, како и за купување ново возило доколку старото се однесе на отпад, кои ќе се движат до 3.000 евра. Новост исто така се и жолтите регистерски таблички воведени по барање на таксистите.

Кога ќе започнат да се применуваат овие одредби од законот ќе зависи од парите во буџетот и низата подзаконски акти што треба да се донесат меѓу кои и прецизните услови за добивање субвенции. Тоа може да биде и годинава, што сепак е тешко веројатно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER