Дојде време за Volvo XC40 Electric

Дојде време за Volvo XC40 Electric

Објавено на 26 септември 2019 година

Како што вети, Volvo ја подготви електричната верзија на XC40. Нејзината премиера е закажана за 16 октомври, кога ќе ги дознаеме и сите детали за возилото. Влегувајќи во битката со загадувањето на воздухот со голем оптимизам, Швеѓаните сериозно се зафатија со предизвикот и уште од самиот почеток на конструирањето на нивниот (засега) најмал SUV предвидоа да биде и електричен. Во тоа помош имаа и од кинеските сопственици, концернот Geely. Првите искуства ги собраа со своите хибридни изведби, меѓу кои и T5 Twin Engine на XC40 која од годинава е достапна со 1,5 литарскиот бензински мотор со 180 коњи засилен со електромотор со 74 коњски сили. Развојот на новите електрични технологии го најави моделот Polestar 2, кој ја има истата CMA платформа како и XC40. Почетокот на неговото производство е планиран за февруари идната година во фабриката во Луџао, Кина. Тој има два електромотора со вкупно 408 коњски сили и батерии доволни за 500 километри пат. Предвидено е да чини 40 илјади евра. Каде ќе се произведува и колку ќе чини XC40 Electric, официјално не е објавено.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER