Дизелот поскап, бензинот не
Објавено на 5 август 2019 година
Согласно одлуката на регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ дизел горивото во Македонија поскапува. Поскапувањето е скромно – само половина денар по литар, со што новата цена на еуродизел БС Д-Е V ќе изнесува 62 денари. Цената на бензините останува иста – 69,50 денари за еуросупер БС-95 и два повеќе за еуросупер БС-98. До овие промени дојде заради движењата на берзите – зголемувањето на референтната цена на дизелот за 0,45% и намалувањето на онаа на бензинот за 0,58%, како и поскапувањето на доларот за 0,49%.