Дигитално освежување за Peugeot 308

Top News Новитети

Дигитално освежување за Peugeot 308

Можеби е рано можеби не за нова генерација на 308, но никогаш не е доцна за едно вакво освежување

Објавено на 12 јуни 2020 година

Peugeot 308 е стар седум години и веќе би му било време за замена. Сепак Французите но и купувачите исто така сметаат дека на нивниот кандидат е еден од најдобрите автомобили во популарниот Ц-сегмент и дека сé уште е рано за нова генерација, заради што по втор пат го освежија. Овој пат без естетски зафати, место кои се фокусираа на внатрешноста каде сега се среќаваат дигиталниот i-Cockpit и најновото издание на мултимедискиот систем со кој се управува преку централно сместениот дисплеј. Збогатена е и опременоста и купувачите сега можат да сметаат на двозонски клима-уред, автоматски светла и бришачи, сензори за паркирање и друго.

Моторната понуда чиј врв е резервиран за GTi верзијата, останува. Таа располага со 1,6 литарски турбо агрегат са 263 KS, кои со посредство на шестстепениот мануелен менувач се трансформираат во забрзување до 100 km/h за шест секунди и максимални 250 km/h. За помалку амбициозните тука се познатите 1,2 литарски трицилиндрични мотори со 110 и 130 KS, а за љубителите на дизелите штедливиот 1,5 литарски агрегат со 100 и 130 KS. Посилните од нив можат да се добијат и со осумстепена автоматика.

 

клучни зборови: ,