Горивата поскапуваат!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Горивата поскапуваат!

Објавено на 15 јули 2019 година

Кој наполнил арно, кој не тоа може да го стори до полноќ – од тогаш кај нас горивата поскапуваат. Според одлуката на регулаторната комисија за енергетика, нивната цена во наредната недела кај нас ќе изнесува 70,50 денари за литар безоловен моторен бензин еуросупер БС-95, два денари повеќе за еуросупер БС-98, додека цената на дизел горивото еуродизел БС Д-Е V ќе биде 62,00 денари за литар. Според нашите антимонополски регулатори, до овие бројки е дојдено врз основа на зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои забележаа зголемување кај бензинот за 5,136% и кај дизелот за 2,585%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветното прилагодување. Плус на тоа, курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот пресметковен период забележа поскапување за 0,676%. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати, според методологијата објавена во службен весник број 103/2019 – кој го има ќе знае за што зборуваме, а кој не ќе точи гориво по малопродажна цена во просек поголема за 2,35%.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER