Горивата поскапеа

Top News Македонија

Горивата поскапеа

Објавено на 22 јуни 2020 година

На регулаторната комисија за енергетика никој не и кажал дека идат избори – ги поскапе горивата. Додуша за малку – за само 1,96%, или во пари изразено за еден денар. Така, од ноќеска среде ноќ за литар бензин еуросупер БС -95 ќе плаќаме по 60,50 денари, за литар еуросупер БС-98 по  два повеќе, а за литар еуродизел БС Д-Е V по 52 денари. Според нивната математика до ова е дојдено заради зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период – кај бензинот за 5,531% и кај дизелот за 5,256%, како и заради поскапувањето на доларот за 0,412%.