Горивата поевтинија

Вести Македонија

Празнично честење!

Дали е поради денот на независноста или така требало, горивата поевтинија

објавено 07 септември 2020

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница ги корегираше цените на горивата и тоа во полза на потрошувачите. Дали е тоа поради утрешниот државен празник или има врска со берзанските токови не беше јасно објаснето. Како и да е моторните горива од 95 и 98 октани симболично поевтинија за половина денар додека осетно е намалена цената на Еуро дизел горивото за 1,50 денари. Ова е добра околност за сите оние што утре планираат да посетат некое излетничко место и да го поминат во убаво расположение неработниот ден.