Горивата – повторно поевтинија

Top News Македонија

Уште едно намалување на цените!

Од полноќ намалување на цената на горивата, метанот без промени

објавено 14 септември 2020

На новото заседание на Регулаторната комисија за енергетика се одлучи горивата да поевтинат, бензините за по еден денар, а дизелот за 1,50 денари. Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 58,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС–98 60,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 24,549 (денари/килограм)

Ова е второ последувателно намалување на цените на горивата во изминатите две недели. Штета што нема празници да се извозиме за евтини пари!