…Aма не така како што ние би сакале
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за цените на горивата во Македонија
Според вообичаената практика, регулаторната комисија за енергетика денеска ја донесе редовната одлука за цените на горивата во Македонија. А во неа се вели дека тие поевтинуваат – за дури 0,04%. Во пари изразено, со оглед на движењата на цените на референтите деривати на светскиот пазар кои кај бензините се зголемија за 2,556 отсто а кај дизелот се намалија за 2,350 отсто, вклучително и поскапувањето на доларот во однос на денарот за 0,34 отсто, тоа значи дека од полноќ ќе плаќаме по еден денар повеќе за бензинот 95, по еден ипол денар повеќе за оној од 98 октани и по денар помалку за дизелот.
Најкратко кажано, цените на горивата кај нас ќе изнесуваат 87,50 денари за супер 95 бензинот, 90 денари за бензинот од 98 октани и 80 денари за дизелот.
Интересна математика, нели?!