Големо браво за општина Карпош

Големо браво за општина Карпош, но за жал со половина уста

Веста добиена преку посредни извори ни кажува многу за намерите на општина Карпош, но не и дека истата може да ја промовира на начин како што заслужува

Објавено на 29 август 2019 година

Се израдувавме многу кога слушнавме дека општина Карпош воведува посебно овластени лица кои ќе бидат задолжени учениците безбедно да пристигнат во своите училишни клупи. Овој мал чекор за нашето општество, а голем за безбедноста на децата покажува дека сепак и кај нас нешто се менува во сфаќањето на поимот „безбедност на децата”. Тоа во конкретниов случај значи дека во текот на целата учебна година кај сите десет основни училишта во општината Карпош ќе има посебно овластени лица од административно-техничкиот персонал на училиштата што секое утро додека трае сообраќајниот метеж ќе ги пречекуваат учениците и ќе се грижат за нивниот безбеден пристап до училиштата. Дополнително, ќе започне и поставување нови лежечки полицајци пред училиштата.

За жал, мора да констатираме дека вистинскиот пласман на оваа информација отсуствуваше – возачите ни на еден официјален начин не се запознати со неа. Сепак се надеваме дека сите ние сме доволно свесни и размислуваме доволно напредно пред административните служби задолжени за тоа, за да на децата им овозможиме безбеден пристап до училишните клупи.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER