Глобален пад на продажбата на нови автомобили

Глобален пад на продажбата на нови автомобили

Се наѕира ли светска автомобилска криза?

Објавено на 30 јули 2019 година

Вознемирувачки вести се шират во автомобилската индустрија – според податоците на VDA и ACEA, на скоро сите значајни светски пазари во првата половина од годинава е забележан пад на продажбата, кој неминовно ќе доведе до големи загуби и строги мерки на штедење. Колкави, ќе зависи од секој производител поединечно и неговите учества на пазарот во разни региони. Најлошо ќе поминат оние кои во голема мерка се потпираат на Кина бидејќи таму за првите шест месеци се продадени 1,6 милиони автомобили помалку, со кои минусот достигна дури 14%, кои го повлекоа глобалниот пазар надолу за 7,1 отсто во споредба со истиот период лани. Катастрофално е и во Индија, каде падот на продажбата изнесува 10,3%, а купувачите се помалку заинтересирани за нови автомобили и во САД, Русија, Јапонија… Меѓу позначајните пазари единствен пораст е забележан во Бразил, додека во Европа оваа година се продадени за 3,1 отсто помалку возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER