Германија со нов пакет субвенции за купување автомобили

Top News Вести

Германија со нов пакет субвенции за купување автомобили

Објавено на 2 јуни 2020 година

Со пет милијарди евра, Германија ќе го поттикнува купувањето нови автомобили, предлага министерството за економија во новиот пакет мерки. Со него треба да бидат опфатени сте категории возила со цена до 77.350 евра. Според планот, основниот бонус од 2.500 евра ќе го добијат сите, додека продажбата на економичните возила ќе биде стимулирана со уште 500 евра. Доколку се работи за хибридно или електрично возило, овие суми ќе се зголемат соодветно за уште 750 односно 1.500 евра. Субвенциите за купување автомобили во Германија се дел од планот тежок 80 милијарди евра за поттикнување на економијата на земјата и треба да важат до крајот на годинава. Заради остриот пад на глобалната продажба на автомобили и затворањето на фабриките, се проценува дека германскиот автомобилски сектор годинава ќе се врати на нивото од 1991-ва.