Возете 30 пред училиштето Димитар Влахов

Top News Македонија

Возете 30 пред училиштето Димитар Влахов

Објавено на 28 октомври 2019 година

Градот Скопје и Авто-мото сојузот на Македонија во заедничка акција за поголема безбедност поставија сообраќајни знаци, катадиоптери и друга опрема за обележување на „Зона 30″ пред средното училиште Димитар Влахов, со што се очекува да се влијае за побезбедно одвивање на сообраќајот на булеварот Трета македонска бригада. Обележувањето на „Зона 30″ пред ова училиште е донација што се реализира во рамките на кампањата #SpeakUp (#КревамГлас), која имаше цел идентификување на сообраќајните проблеми со кои се соочуваат сите граѓани коишто се учесници во сообраќајот. Донацијата е обезбедена преку грант програмата на FIA за зголемување на безбедноста во собраќајот и е реализирана во соработка со нејзината фондација.