Влезете во виртуелниот свет на Volvo

Top News Македонија

Влезете во виртуелниот свет на Volvo

После Kia, и Volvo кај нас го отвори својот виртуелен салон на автомобили

Објавено на 24 април 2020 година

Безбедноста е вградена во брендот на Volvo, а за потполна заштита на купувачите нашиот импортер на шведската марка обезбеди нов начин да се посети нивниот продажен салон, така што отсега клеинтите кои се заинтересирани за нов Volvo атвомобил можат да направат виртуелна обиколка на него, а притоа да бидат комплетно сигурни. Со оглед на ситацијата која ја поминуваме во изминатиов период, ваквиот тип на претставување на автомобилите е и повеќе од добредојден. Оваа актуелност веќе повеќе пати е применета од страна на големи светски брендови, а отсега е достапна и кај нас за Volvo автомобилите. Со пристапување на веб страната, клиентите ќе можат да направат избор на повеќе модели од актуелната гама. Во виртуелната реалност се вклучени целата XC гама, како и S60, V60CC и V90CC. Покрај тоа што може визуелно да се види секој детал на автомобилот, низ него може да разгледаат и неколку точки кои ја објаснуваат опремата која се гледа. До овој салон може да се пристапи кога кој сака и од каде сака. Истиот е достапен 24 часа за клиентите кои се заинтересирани за нов Volvo автомобил. Сé што треба да се направите е да кликнете тука.

 

клучни зборови: