Бензините поевтинуваат, вели регулаторната комисија

Top News Македонија

Бензините поевтинуваат, вели регулаторната комисија

Објавено на 18 ноември 2019 година

После период кога нешто поскапуваше, а нешто поевтинуваше, нормално треба да следи период кога или сé ќе поскапува ил и сé ќе поевтинува. Но според регулаторната комисија за енергетика сега само бензините ќе поевтинат – за минорни 0,50 денари, додека цената на дизелот останува. Без намера да им се мешаме во математиката, ќе ги пренесеме нивните аргументи зошто е тоа така. А тие велат дека заради промената на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои забележаа намалување кај бензинот за 2,07% и кај дизелот за 0,56%, во структурата на цените на нафтените деривати кај нас е извршено соодветно прилагодување кое заради курсот на доларот кој е за 0,86% повисок од претходно изнесуваат толку колку што изнесуваа, односно според методологијата за формирање на малопродажните цени на нафтените деривати тие се намалуваат во просек за 0,09%.

Настрана сите просечни математики, според одлуката на регулаторната комисија за енергетика сега за литар од бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 ќе плаќаме по 0,50 денари помалку, односно по 68 и 70 денари, додека малопродажната цена на дизелот до наредната одлука останува непроменета – 62 денари за литар.