Бензините поевтинуваат, ама не се радувајте

Цената на бензините помала за 0,50 денари

Ревносно вршејќи ја својата работа, регулаторната а комисија за енергетика на Македонија и овој понеделник ги регулираше цените на горивата кај нас согласно сите параметри што законски им се доделени да ги надгледуваат. Со деталите нема да ве заморуваме туку директно ќе ви го пренесеме нивниот финален збор – дека горивата поевтинуваат во просек за 0,57 отсто, што во пари изразено значи дека за двата типа бензини од утре ќе плаќаме по 0,50 денари помалку за литар, а оние кои трошат дизел ќе мора да ја сочекаат нивната наредна седница на која како дневен ред ќе се најде регулирањето на цените на нафтените деривати кај нас.

Среќно септемвриско возење!

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER