Бензините поевтинија, дизелот не

Top News Македонија

Бензините поевтинија, дизелот не

Објавено на 21 октомври 2019 година

Согласно својата неделна практика, Регулаторната комисија за енергетика ги утврди највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт кои за бензините се пониски, но не и за дизелот. Причината, ќе погодите дури и во сон, се лоцира кај движењето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои забележаа намалување кај бензинот во просек за 3,39%, а кај дизелот за само 0,33%. Тоа, заедно со поевтинувањето на доларот за 0,43% придонесе за менување на структурата на цените на нафтените деривати кои после извршеното соодветно прилагодување во просек се пониски за 1,16%. Во пари пак изразено, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 бензинот се намалува за 1,50 денари и ќе изнесува 68,50 денари за литар, а цената на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 1 денар на 66,50 денари. Како што напоменавме, цената на дизелот не се менува, односно и понатаму изнесува 62 денари за литар.