Акциите на Tesla надминаа 1.000 долари!
Дека движењата на берзите се непредвидливи сите знаеме, но до волку…
Објавено на 11 јуни 2020 година
Според најновите берзански извештаи, акциите на Tesla надминаа 1.000 долари. Поточно, се искачија на 1.025 долари, што е три пати повеќе отколку пред неполни три месеци кога паднаа на 361 долар. Ова сепак и не е некое изненадување бидејќи тие пред почетокот на пандемија во февруари вредеа 917 долари. Сепак ако се знае дека лани ова време тие се тргуваа по 217 долари, сегашната нивна цена која е пет пати повисока едноставно не е за верување. Но, тоа е вистината, исто како и дека движењата на берзите се непредвидливи…