Автономни возила од Volkswagen на средината на идната декада

Автономни возила од Volkswagen на средината на идната декада

Објавено на 16 јули 2019 година

Како резултат на договорената соработка со Ford, Volkswagen ќе започне со лансирање на автономни возила веќе на средината на идната декада. Според плановите на групата кои ги обелодени Александер Хицингер кој е одговорен за автономните програми, ќе се започне со мали флоти кои ќе бидат лимитирани од легислативата и економските и технолошки предизвици кои треба да бидат решени пред компанијата да започне со нивно производство за комерцијални цели. Зборот производство сфатете го условно бидејќи иако Хицингер не навлезе во детали, сепак ќе се работи за количини направени повеќе рачно отколку големосериски. Причината е тоа што пред автономните возила сé уште претстои долг пат на докажување. Во тоа ќе помогне и партнерството со Argo AI, за кој велат дека ќе постави светски стандарди за автономните возила. Volkswagen веќе има идеи како тие би изгледале и функционирале, кои ги претстави преку серијата концепти Sedric. Очекувањата се автономните возила своите први практични примени да ги најдат во сервисните дејности. Хицингер уште додаде и дека компанијата нема време за губење и дека очекува само неколку сериозни играчи да бидат успешни на ова поле.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER