Автомобил на годината во Македонија » Дружење со финалистите

Дружење со финалистите

Објавено на 10 февруари 2020 година

Изборот за автомобил на годината во Македонија за 2020-та влегува во својата финална фаза, каде националното жири решава кој автомобил ќе ја добие најпрестижната автомобилска титула во нашата држава. Како што е познато, во најтесниот избор за наградата годинава влегоа 6 автомобили – BMW 1, Kia xCeed, Mazda3, Opel Corsa, SsangYong Korando и Toyota RAV 4, со кои, според традицијата, членовите на жирито и претставниците на импортерите подробно ги запознаа преку дводневното дружење што се одржа викендов. Според агендата тоа беше на релацијата Скопје-Крушево-Битола-Свети Николе на која жирито ги комплетираше своите впечатоци за возилата, а претставниците на финалистите одблизу се запознаа со своите конкуренти.

Според предвиденото, на ред е гласањето на жирито, по што ќе се знае кој ќе биде годинешниот носител на титулата „Автомобил на годината во Македонија“.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER