Автомобил на годината во Македонија :: Лауреати Focus и C5 Aircross

Лауреати Focus и C5 Aircross

Објавено на 18 февруари 2019 година

Ford Focus е носител на 24-тата титула автомобил на годината во Македонија. Тој ја освои во конкуренција на пет финалисти кои од страна на националното жири беа избрани меѓу моделите  пристигнати лани на нашиот пазар. Согласно правилникот за работа и критериумите на изборот, жирито на Focus му додели 69 бода. Два помалку имаше Citroen C5 Aircross, кој го доби признанието SUV на годината во Македонија. На третото место со 66 бода се најде Kia Ceed, а останатите финалисти Volvo XC40 и Opel Grandland X освоија 54 односно 44 бода. И импортерите чии возила учествуваа во изборот го дадоа своето мислење, но никој не го доби нивниот глас бидејќи сите од нив се изјаснија за различен модел. Во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, националното жири за избор за автомобил на годината во Македонија по вторпат го додели признанието „Томислав Биљарац“. Наградата која се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија ја доби Стерули Бураку.

После Mondeo во 2015-тата, ова е втора титула „Автомобил на годината во Македонија” за Ford. Најуспешни во досегашните избори со по 3 освоени титули се Opel, Škoda, Seat и Kia.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER