Австралија » Со камери против зборувањето на мобилен додека се вози (со видео)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Со камери против зборувањето на мобилен додека се вози

Во Австралија започнаа да се употребуваат специјални камери со кои се ловат оние што користат мобилен телефон при возење

Објавено на 24 септември 2019 година

Практично не постои земја каде е дозволено зборувањето на мобилен телефон за време на возењето, но вистина е дека ова правило во голема мерка не се почитува. Сите добро знаеме дека користењето на мобилен телефон во возење го одвлекува вниманието и загрозува безбедноста во сообраќајот, но има и такви кои дури пишуваат пораки. За да стават крај на ваквата опасна пракса, властите во австралиската држава Нов Јужен Велс воведоа специјални камери кои ги ловат прекршителите на законот. Тие шест месеци работеа пробно, скенираа 8,5 милиони возила и снимија преку 100.000 возачи кои за време на возењето ракувале со мобилен телефон. Тие нема да добијат казна, исто како и оние кои во наредните три месеци ќе го сторат тоа – тие ќе поминат само со предупредување, но после тоа сите кои ќе бидат фатени ќе мора да подготват 344 долари и ќе им бидат запишани пет негативни поени во возачката дозвола. Камерите на почетокот ќе бидат инсталирани само на две локации, а мрежата постојано ќе биде проширувана и се очекува до 2023-тата со неа да се проверуваат по 135 милиони возила годишно.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER