Што се случува со европскиот пазар?

Најголемиот пазар во ЕУ е германскиот и дава добар преглед на случувањата во Европа

Во првите четири месеци од 2025 година, во Германија беа регистрирани вкупно 907.299 патнички автомобили, што претставува пад од -3,3% во споредба со претходната година.

Она што ги радува статистичарите, барем во Германија, е тоа што VW Group останува лидер на пазарот со 389.727 нови регистрани возила.

Уште еден член на семејството е на победничкиот претстол.  Škoda која има раст од 3,7% и го надмина Audi кој прокнижи 69.005 нови регистрации. Зато пак, BMW бележи 76.704 нови регистрации,што е скок од истиот период лани за 2,0%, но Mini забележа пад од 11,2%.

Ништо подобар не е ниту Opel кој регистрира пад од 23,6%. Од групацијата Stellantis само Peugeot постигна мало покачување од 2,4%, додека FIAT се соочи со пад од 20 отсто.

Она што е интересно е фактот што јапонските производители бележат огромен пад на продажбата. За Mitubishi не е никакво изненадување (-48%), но падот на Toyota од 16,4%  е шок.

Рози не цветаат ниту за Hyudai и  KIA чија продажба се нурна во негатива од 12,4%. Зато пак Кинезите газат јако. Тие постигнаа значителен раст.

Особено  BYD кој прокнижи импресивен пораст од 384,5! Најголем губитник е Tesla чиј скор е исклучително низок. Дури 60,4% е падот на Господинот Маск.

Интересно што, маргиналецот во сферата на ЕВ, Ford прокнижи позитива од 4,1%. Ова се само забелешки од првите четири месеци на пазарот. Поголеми превирања во иднината  не се очекуваат, или..?

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER