Тоуота – водородот и на пловила

Горивни ќелии на катамаран

Тоуота ја испраќа технологијата на горивни ќелии на море

објавено 15 октомври 2020

Погонскиот систем на горивни ќелии не е ништо ново кај возилата и му се предвидува успешна иднина. Тоуота е компанија која го форсира овој систем не само кај автомобилите преку моделот Mirai туку и со изработката на своето возило кое ќе се движи по површината на Месечината за Јапонската свемирска агенција. Дека овој погонскиот систем заснован на водород има иднина покажува верзијата REXH2 која беше успешно тестирана на катамаран. Под името „Енергетски набудувач“ катамаранот под реални услови пловеше повеќе од 7000 наутички милји вклучително и на трансатлантските премини. Модуларната единица REXH2 се користеше за прв пат во Hynova 40, дванаесет метарска јахта изработена во Франција за до дванаесет патници. Додека Обсервер главно користи електрична енергија произведена од сонцето и ветерот за погон, Hynova е електрична јахта на батерии на која горивната ќелија на Тоуота служи како продолжувач на опсегот заснован на водород. Модулот за горивни ќелии има нето номинална моќност од 82 КС  и е базиран на технологијата на Toyota Mirai.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER