Стартуваше продажбата на Volkswagen Golf 8 во Германија – по цена од 27.510 евра!

Стартуваше продажбата на Volkswagen Golf 8 во Германија – по цена од 27.510 евра!

Основната верзија која ќе се појави на почетокот на идната 2020 година ќе чини помалку од 20.000 евра

Објавено на 7 декември 2019 година

Volkswagen извести дека започна со продажба на новиот Golf во Германија, за почеток во Life изведба со 1.5 TSi мотор со 130 коњски сили и цена од 27.510 евра. Оние пак што се потрпеливи на почетокот на идната 2020 година ќе можат да ја добијат неговата основна изведба за помалку од 20.000 евра. Токму оваа бројка во очекување на неговата нова генерација беше предизвик за Германците да се испита колку всушност навистина чини новиот Golf во споредба со примањата на тамошните работници. А заклучокот е бомбастичен – тој е евтин како никогаш порано. Математиката поддржана од зголемените плати и историски ниските камати кажува дека за плаќање на една месечна рата од седумгодишен кредит за новиот Golf во Германија ќе бидат доволни 14 часа работа, а за неговата полна цена 1.082 часа. Претходната генерација ги чинела своите сопственици 16,5 часа месечно, односно вкупно 1.099 часа. Најскап бил Golf 6 за кој биле потребни 1.205 часа за да се плати целиот автомобил. Кредитите пак биле најнеповолни во време на третата генерација, кога за една месечна рата требало да се работи скоро 20 часа. Пресметка за првата и втората генерација нема, бидејќи пред 1991 година во Германија не постоел униформиран начин за пресметка на платите. Колку за информација, денес просечната работничка нето плата во Германија изнесува околу 18 ипол евра за работен час, што е двојно повеќе отколку тогаш.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER