Сајнц – по кој знае кој пат?

Шпанецот не може да се смири

Повторно во октанска корида

објавено 01 декември

Повеќекратниот светски шампион во рели и победник на Дакар Карлос Саинц, повторно влегува во кабината. Овој пат ќе настапува во Extreme Е, натпреварување на електрични возила на патеки во рели услови. „Ел Матадор“, како што го нарекуваат 58-годишниот Шпанец, вози за тимот на Acciona / QEV Technologies. Како во животот, така и во тимот ривалитетот е помеѓу маж и жена. Во овој случај станува збор за 34-годишната светска шампионка во Ендуро, Лаиа Санц. Тркачката серија со електрични теренски возила (баги) со моќност од 550 КС (405 kW) ќе се одржи низ целиот свет во сосема нов натпреварувачки режим од следната година. Возењето ќе се одвива во еколошки чувствителни региони со цел да се сврти вниманието кон климатските промени и еколошкото уништување предизвикано од преголема експлоатација на природата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER