Дизелот поевтинува, бензините поскапи
Со денешната одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек
за 0,29%. Корисниците на бензините ќе плаќаат поскапо за литар и тоа 1 денар за 95-ка и половина денар за 98-ка. Подобро поминуваат корисниците на дизелот чија цена се намалува за еден денар по литар. Од полноќ на бензинските пумпи ќе важат следните цени:
ЕУРОСУПЕР БС–95 83,00 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС–98 85,00 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) 72,00 ден/лит.


