Дизелот поскапува, бензините поевтини
Иако поскапен, дизелот останува поевтин од бензините.
Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС–95 и ЕУРОСУПЕР БС–98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека ЕУРОДИЗЕЛ ќе поскапи за половина денар. Така одлучи на денешната седница РКЕ па од 14.02.2023 на пумпите горивата ќе се продаваат по следните цени:
ЕУРОСУПЕР БС–95 81,50 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС–98 83,50 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) 76,50 ден/лит.


