Претставен првиот турски автомобил (видео)

Претставен првиот турски автомобил

Објавено на 28 декември 2019 година

На гламурозна промоција пред повеќе од 3.000 гости меѓу кои и претседателот Реџеп Таип Ердоган, беше покажан првиот турски автомобил. Електричен секако, тој ќе доаѓа во две каросериски верзии, како седан и SUV од C сегментот. Дизајниран е од Pininfarina а производ е на компанијата TOGG настаната како заедничко вложување на пет турски компании и ќе се произведува во Бурса. Првите возила се очекуваат во 2020 година, со погон само на задните или на сите четири тркала, првата со 200, а втората со 400 коњски сили. Ќе имаат автономија од 300 односно 500 километри. Цената не е позната.

Видео

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER