Новиот рафинат на bZ4X стана најголемото и најсилното електрично возило на Toyota
Електричниот кросовер на Toyota доби уште една верзија, овој пат да одговори на потребите на семејствата кои сакаат да патуваат и не сакаат да го редуцираат списокот на работи кои ќе ги понесат со себе.
Во споредба со обичниот bZ4X, Touring е 140 мм подолг и 20 мм повисок, а новите димензии се 4,83 метри должина и 1,67 метри висина. Како резултат на зголемувањето, багажникот на кросоверот нарасна на 600 литри. За да одговори на теренскиот имиџ растојанието од тлото е зголемено на 211 мм што е за влакно помалку од RAV4.
Освен очигледните зголемени пропорции, највидливи на задниот дел, Toyota се погрижи за имиџот на bZ4X Touring. Најзабележлива измена е ново обликуваниот долен дел од предниот браник и LED комбинирани светла. Каросеријата нуди нови нијанси на бои, вклучувајќи ја и новата наречена Brilliant Bronze.
Нејзе успешен контраст и даваат црните лаковите на тркалата кои го потенцираат новиот дизајн на бандажите. Оние кои нема да ги задоволи зголемениот багажник на помош се покровните шини кои може да понесат до 70 кг товар.
Кабината е изведена во минималистички стил, но добро е опремена. Новата централна конзола може да прифати преносни уреди, освежен е дизајнот на инструмент таблата и вметнат е 14 инчен мултимедијален екран. Како што најавува Toyota ќе бидат понудени и голем број бои за ентериерот, вклучувајќи ја и новата наречена City Moss.
Овие податоци се битни за семејствата, но не смее да ги заборавиме татковците. Нив поважно ќе им биде што bZ4X Touring ќе се нуди во верзии со погон на предните и на сите тркала, но и за двете напојувањето ќе се врши од литиум-јон батерија од 74,7 kWh.
Возилото доаѓа со вграден полнач од 11 kW или 22 kW и на брз полнач може да повлече до 150 kW. Исто како и кај другите електрични кросовери на куќата, батеријата во Touring доаѓа со функција за претходно загревање, што е особено корисно на ниски температури.
Најавена е автономија до 560 километри. Во изведбата со погон на предните тркала се пренесуваат 224 КС, додека во конфигурацијата 4х4 електричните мотори испорачуваат 380 коњски сили, што го прави bZ4X Touring најмоќното електрично возило на Toyota.
Оваа сила е доволно моќна за да му овозможи на кросоверот да влече приколка што тежи 1.500 кг. Според планот на Toyota, bZ4X Touring на европскиот пазар ќе биде лансиран напролет идната година.


