Само за неевропските пазари
Renault претстави нов компактен кросовер кој од Бразил ќе го започне својот поход низ светот
Но на него ќе ја заобиколи Европа – најблиску што ќе стигне ќе биде Мароко, каде се планира негово производство. Замислен е да го замени Sandero Stepway на чија техничка основа е изведен, што значи дека ја модуларната CMF-B платформа со меѓуоскино растојание од 2.604 милиметри. Сепак стилски многу се разликува и има современ изглед со дводелни предни светлосни групи кој му дава моќна и динамична појава.
Новитетот во споредба со Sandero Stepway е малку подолг и поширок, но и понизок. Клиренсот му изнесува импресивни 209 mm, а зафатнината на багажникот 358 литри, односно 1.304 со преклопена задна клупа. Ентериерот е унифициран со европските верзии на Logan и Sandero, со разлика кај управувачот и на централниот тунел каде место класична рачка на менувачот се наоѓаат џојстик и посебно копче за паркирање.
На бразилскиот пазар ќе се нуди со еднолитарски турбобензински мотор кој развива 125 коњски сили, способен да работи и на алкохол. Менувачот е шестстепен роботизиран – во понудата нема да се најде мануелна трансмисија. Погонот, секако, е само на предните тркала. Опременоста е богата, а цените не се познати. Почетокот на продажбата во Бразил е најавен за март 2024 година.




