Во автомобилскиот свет веќе нема табуа. Во судирот на концепти и практични решенија победуваат оние што најдобро поминуваат на пазарот. Со цел да се спои доброто со корисното се формираат коалиции помеѓу доскорашни ривали. На домашната сцена се случи доделувањето на наградите „Златно тркало“ за 2022 и го тестиравме новодојденецот Dacia Jogger. Од интернационалните збиднувања ги одвоивме премиерите на Lexus RZ, Ferrari 296 GTS и веста од соседна Србија дека таму ќе се произведуваат електрични автомобили. Ве поздравуваме во новото издание на Авто Магазин.


