Претставен PremiumContact 7
Летната сезона започна со новиот пневматик и ја обележува две децениската соработка на Мотоцентар со Continental
Во пријатна и работна атмосфера на македонската јавност беше запознаена со PremiumContact 7, пневматик што ги поместува стандардите на издржливоста, перформансите, удобноста и безбедноста.
Наменет е на широка гама патнички возила кои се опремени со тркала со дијаметар од 16 до 21 инч, седмата генерација развиена е да ги надмине очекувањата на возачите. Со неа Continental постави нови стандарди за безбедност и удобно возење, истовремено подобрувајќи ги перформансите на отпорот при тркалање и издржливоста во поглед на изминатите километри.
Дополнително, со примена на соединението “RedChili“, пневматикот има оптимални перформанси, во широк температурен спектар. PremiumContact 7 овозможува висока стабилност, дури и при ниски температури, што е особено корисно во текот на преодните месеци, во пролет и есен. Голема погодност е што овој производ е подеднакво приспособен за класичните и електричните возила.
Поради тоа PremiumContact 7 го избраа за оригинално опремување на девет од десетте најуспешни производители на електрични возила. Претставниците на Continental презентацијата ја искористија да се заблагодарат на Мотоцентар за 20 годишната соработка и за успехот на нивниот македонски партнер за популаризација и позиционирање на пнематиците од овој реномиран производител.
Компанијата Continental е формирана во 1871 година. Во текот на своето постоење таа се етаблира како технолошката компанија која нуди сигурни, ефикасни, интелигентни и достапни решенија за возила, машини, сообраќај и транспорт. Во 2022 година генерирани се продажби од 39,4 милијарди евра и моментално вработува повеќе од 200.000 луѓе во 57 земји и пазари.
Секторот за пневматици на групацијата има над 24 производствени и развојни локации низ целиот свет со обрт од 14 милијарди евра во фискалната 2022 година и повеќе од 57.000 вработени. Нашиот Мотоцентар успешно го претставува Continental во Македонија преку своите 10 локации во пет градови и 160 вработени. Сопствениците на Мотоцентар искажаа посебна благодарност на вработените и своите деловни партнери без кои нивниот успех не би бил можен.


