Карлос Гон од Nissan бара преку милијарда долари отштета

За претрпена финансиска штета и губење на угледот…

…Посрамениот поранешен извршен директор на Nissan ја тужи својата некогашна компанија за клевета и фабрикување докази

За Јапонците не знаеме, ама нашиот народ за ваквото човечко однесување има многу поговорки. Сигурно и во Либан како општество со богата и колоритна историја е исто, а токму таму каде што се крие од долгата рака на правдата благодарение на законската регулатива на земјата која ја ограничува екстрадицијата дури и ако Интерпол има распишано потерница, Карлос Гон поднесе тужба против својата некогашна компанија. Обвинувајќи ја за клевета и фабрикување докази, поранешниот извршен директор од неа бара отштета во износ поголем од милијарда долари! Во тужбата поднесена против Nissan, уште две други компании и 12 именувани поединци тој тврди дека неговото отпуштање и апсење му имаат нанесено финансиска штета од 588 милиони долари. Покрај тоа наведувајќи дека она за што го обвинуваат со години ќе биде врежано во главите на луѓето заради што ќе пати до крајот на живот, бара уште и 500 милиони долари за изгубениот углед.

Да потсетиме, некогашниот могул на светската автомобилска индустрија Карлос Гон при крајот на 2018-тата беше уапсен во Јапонија заради финансиски малверзации. Користејќи еден од првите моменти кога беше на слобода тој прошверцуван во кутија за музички инструменти со приватен авион успеа да побегне во Либан од каде делумно му е потеклото и првично се смести во вилата која за 15 милиони долари му ја купи токму Nissan. Пред апсењето Карлос Гон како прв или еден од главните луѓе на Nissan, Renault, нивната алијанса и други меѓусебно поврзани или неповрзани функции, годишно заработуваше 17 милиони долари.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER