Италија – План за обновување на возниот парк

Со пакет тежок 930 милиони евра италијанската влада во борба против старите автомобили

Италијанскиот возен парк е еден од најстарите во ЕУ со најмалку 11 милиони автомобили кои ги задоволуваат Euro 3 нормите или возила од пониска еколошка класа. Со цел да се охрабрат граѓаните да купат ЕВ, италијанското Министерство за индустрија ќе предложи пакет во кого ќе бидат вклучени финансиски стимулации во вредност од 13.750 евра по возило.

Оваа мерка би била наменета на граѓаните со годишен приход помал од 30.000 евра да ги сменат своите возила стари повеќе од 20 години, во корист на нови електрични автомобили. Планот, најверојатно ќе го поддржи купувањето автомобили произведени во Италија. Пазарот на ЕВ во Италија е помал отколку во другите големи европски економии па мерката ќе ја смени перцепцијата за овие возила и ќе го раздвижи пазарот кој на европско ниво покажува знаци на забавување поради високите цени.

И другите земји во кои се лоцирани пеоизводители на ЕВ превземаат слични мерки. Кон крајот на месецов во Франција треба да започне да функционира социјалниот лизинг, мерка на државата да ја стимулира индустријата на ЕВ и нивното користење од страна на граѓаните со ниски примања. Производителите, од друга страна, конкуренцијата во просторот на електрични возила ја опишуваат како „брутална“ и нездрава. Водечките економисти сметаат дека Европската унија веројатно нема да ги исполни своите цели за ЕВ кон крајот на деценијата ако не ја подобри својата индустриска политика и ако производителите на автомобили не успеат да пласираат поевтини електрични возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER