Европски пазар – Започна ли опоравувањето?

Ноември во знакот на Model Y

Големи скокови имаа Tesla, Genesis, Nio, Rolls-Royce и Audi, додека 15 марки беа под планираното ниво, но сепак забележаа зголемување на обемот.

Dataforce ги објави прелиминарните бројки за продажба за месец ноември 2022 година, но напоменува дека податоците од некои пазари не се комплетни поради празниците. Genesis, Nio, Cadillac, Maserati и MG имаа троцифрена процентуална добивка од продажбата во ноември 2022 година. Во меѓувреме, Tesla, Rolls-Royce, Polestar, Cupra, Audi, Lotus, Volkswagen и Ford беа меѓу 17-те марки кои имаа двоцифрен процентуален пораст на вкупниот европски пазар кој беше зголемен за 18 проценти.

Луксузниот бренд Genesis на Hyundai Group забележа зголемување за повеќе од 500 проценти во споредба со ноември 2021 година кога штотуку се појави на пазарот. Забележани се 483 регистрации во однос на истиот месец 2021 кога беа прокнижени 79. Кинескиот новодојденец Nio ја зголеми продажбата за речиси 200 проценти со 274 регистрации, предводени од неговиот премиум електричен SUV ES8. Интересно е што Cadillac речиси тројно ја зголеми продажбата на 99 во ноември од 36 во истиот месец минатата година, предводен од компактниот премиум SUV XT4.

Тризабецот од Модена ја зголеми продажбата за 129 проценти на 822 продадени примероци. Нај заслужен за тоа е новиот премиум кросовер Grecale учествуваше со 78 проценти од обемот на продажбата Maserati.

Уште еден кинески бренд ја зголеми продажбата за 102 проценти прокнижувајќи  скор од 13.716 примероци. Ова беше поттикнато од силната побарувачка за малиот кросовер MG ZS, кој ја удвои продажбата во текот на месецот во споредба со ноември 2021 година. Tesla успеа да ја зголеми продажбата за 97 отсто во ноември на 31.820 примероци, главно поради порастот на продажбата од 261 отсто на Model Y, кој го заврши месецот како најпродавано возило во Европа. Тоа беше втор пат за три месеци премиум теренецот со средна големина да биде број 1 продавач на стариот континент.

Rolls-Royce ја зголеми продажбата за 94 проценти со 91 примерок, од кои ултралуксузниот теренец Cullinan учествуваше со 47 проценти од обемот на подружницата на BMW Group, според прелиминарните бројки. Polestar ја зголеми продажбата за 93 проценти поради побарувачката на Polestar 2, кој беше четврти според продажбата на премиум EV во Европа по 11 месеци, пред моделите како што се неговиот партнер на платформата Volvo XC40 и Audi Q4 E-tron.

Филијалата на Volkswagen Group бележи раст од 75%. Cupra ова го постигна од побарувачката за електричниот компакт Born, кој имаше 4.168 продажби. Исто така, продажбата на Cupra Formentor порасна за речиси 30 проценти и се удвои на 6.218 во ноември. Продажбата на Audi порасна за 59 отсто на 60.169 возила поради силната побарувачка за A3, скок од 100 отсто и речиси 300 отсто скок за А6.

Малиот кросовер Puma е најзаслужен за севкупниот раст на Ford од 40 отсто. Големата побарувачка за Puma најдобро ја покажува скокот на продажбата за повеќе од 200 отсто. Друг победник за Ford беше Kuga, кој имаше 57 отсто зголемување на продажбата во ноември. Според прелиминарните ревидирани бројки на Dataforce, уште 15 марки забележаа добивка, но беа под просекот на пазарните очекувања. Тоа се Ferrari, Land Rover, Mazda и Volvo (+17 проценти), Dacia и Mercedes (+16 проценти) и BMW, Mini и Skoda (+15 проценти).

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER