Германија – Војна со цените на БЕВ

Tesla, VW и BYD со намалени цени ги придобиваат купувачите oткако германската влада ненaдејно ги повлече стимулациите за ЕВ

Tesla беше првиот светски производител на БЕВ кој своеволно ги намали цените со цел да ја зголеми продажбата и доминацијата на пазарот. Сега тој чекор мора да го повтори бидејќи и другите марки се одлучија да го направат истото. Рака на срце не на своја воља туку за да го одржат темпото на продажба на сопствените модели.

Вистинска ценовна војна се разгорува во Германија каде владата ги укина субвенциите за ЕВ. На тој пазар Tesla го загуби првото место како најпродавана марка на БЕВ од VW. Продажбата на БЕВ на брендот VW се зголеми за 12 проценти на 70.628 единици во 2023 година, додека обемот на Tesla падна за 9 проценти на 63.685.

Не помогна ниту фактот што моделот Y беше најпродаваното БЕВ во Германија во 2023 година. Во новонастанатата ситуација VW ги покрива субвенциите за купувачите на своите електрични автомобили од семејството ID.

По истиот пат тргна новодојденецот на пазарот BYD кој, исто така, ги намалува цените за своите ЕВ во Германија, најзначајно за својот компактен теренец Atto 3. BYD продаде само 4.140 автомобили во Германија минатата година, но се стреми кон 10 отсто удел на пазарот откако новата фабрика за автомобили во Унгарија ќе започне со производство за две или три години. Намалувањето на цените на БЕВ е во функција на поттикнување на продажбата на оние кои не се заинтересирани да купуваат електрични возила.

Тесла ги намали цените за Model Y Long Range и Model Y Performance за 5.000 евра и сега тие во Германија се продаваат за 49.990, односно 55.990 евра, што претставува попуст од 9 проценти во споредба со претходните цени. Воедно, намалена е цената на  Model Y со погон на задните тркала за 1.900 евра, 42.990 евра. Намалување или потполно укинување на субвенциите за ЕВ најавија уште неколку европски држави. Најверојатно производителите ќе бидат приморани да го направат истото што го направија во Германија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER