АСС – Се тресеше гората…

Компанијата поддржана од три големи европски индустријски имиња, ги повлече своите планови

ACC (Automotive Cell Company) е заедничка инвестиција за производство на батерии помеѓу Stellantis, Mercedes-Benz и Total Energies. Во неа најголем инвеститор е Stellantis кој имаше планови за три гигафабрики во Европа – во Франција, Германија и Италија.

Сепак, планираните проекти за Термоли во Италија и Кајзерслаутерн во Германија се „дефинитивно откажани“. ACC во соопштението изјави дека проектите во Германија и Италија се во мирување и додаде дека „предусловите“ за нивно рестартирање веројатно нема да бидат исполнети. Италијанскиот и германскиот проект поради слабата побарувачка за електрични возила сега е во аут.

Првичната цел на ACC беше да има три производствени линии во трите земји, секоја со годишен капацитет од 8 гигават-часови.Планот сега е да има само две производствени линии во Франција, но со поголем капацитет од 13 и 15 гигават-часови. Француската фабрика произведува батерии за возилата на Stellantis.Производството на батерии за Mercedes треба да започне кон средината на годинава.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER