Тестирањата на првиот модел на погон со водородни горивни ќелии на Баварците се во финална фаза и сега знаеме како ќе изгледа.
Најавен пазарно да дебитира во втората половина на идната година BMW iX5 Hydrogen се тестира во реални услови во секојдневниот сообраќај. За разлика од претходните фази, сега каросеријата не е прекриена со камуфлажни шари и јасно се покажува изгледот.
Дизајнот на iX5 Hydrogen е интересен бидејќи во голема мера е идентичен со моделите со мотори со внатрешно согорување и оние што се целосно електрични. Очигледно, BMW не почувствува потреба овој модел да изгледа поинаку, препознавајќи ја желбата на купувачите возилата со нулта емисија (ZEV) да изгледаат како обични возила. Тоа значи дека нема необични браници, маски или тркала, туку станува збор за кросовер што изгледа исто толку префинето и дотерано како и секој друг модел на BMW од новата генерација.
Од BMW велат дека нивниот тековен режим на тестирање се фокусира на усовршување на начинот на кој комуницираат системот со горивни ќелии, високонапонската батерија и електромоторот. Моделот цели кон автономија на возење до 750 километри и ќе биде рамо до рамо со споредливиот електричен iX5, со способност да забрза од 0 до 100 км/ч за помалку од пет секунди. Полнењето на iX5 со водород ќе трае помалку од пет минути.
Системот со горивни ќелии од третата генерација ја минува фазата на тестирање на најновиот прототип, пред возилото да биде финализирано за сериско производство во погонот на BMW Group во Штаер, Австрија.


