Зомби автомобили во Европа

Интересно, нема што…

Неретко налетуваме на вести од Америка дека некој таму купил и за прв пат регистрирал автомобил кој со години не произведува. Ништо чудно, бидејќи освен за колекционерите за кои намерно поатрактивни возила се чуваат долго време за да им порасне цената, во земјата постојат дилерства со големи залихи, па лесно на плацевите може нешто со години да остане непродадено. Но на такви вести во Европа не сме навикнале.

А според најновите податоци за прворегистрираните возила оваа година, меѓу нив има и такви кои не се произведуваат со години па дури и децении. Едни од почудните примери се Fiat Multipla и Barchetta (и тоа 3 примероци), за кои ретко кој памети кога биле на пазарот. На листата се наоѓаат и Alfa Romeo 147, 159 и GT, како и Honda Prelude чие производство престана 2001 година. Најекстремен случај сепак се двете возила Jaguar XJS кои во продажните салони ги нема уште од 1996 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER