„Златен Волан 2021“ – Porsche, Audi, Škoda и Cupra!

Одлично, 6 од 8!

Најголема колекција „Златни волани“ направи групата VW

На неодамна одржаната церемонија Златен волан, покрај трите одличја освоени од Cupra, на групацијата Фолксваген и припаднаа уште три круни. Да потсетиме, категориите „Мал и Компактен автомобил“, „Компактен Електричен автомобил“ и  „Спортско-корисно возило“ им припаднаа на триото на Cupra – Leon, Born и Formentor. Нив им се придружија победниците од категориите на „Средна и Висока класа“, „Електрично спортско-корисно возило“ и „Најубав автомобил“.

Сосема оправдано им припаднаа на Porsche Panamera, Škoda Enyaq iV и Audi e-Tron GT! На годинешната церемонија доделени се 12 награди во осум категории, од кои шест отидоа на конто на групацијата VW. Победниците беа одредени во три фази: Во фаза 1, редакцијата однапред ги избра кандидатите достапни за избор. Читателите на AUTO BILD и BILD am SONNTAG потоа ги избраа своите најдобри 3 фаворити во осумте класи на возила во втората фаза.

Трите модели со најмногу гласови во секоја од осумте класи се квалификуваа за финалето на DEKRA Lausitzring на почетокот на октомври. На тест патека, жирито составено од докажани авто експерти (главни уредници, дизајнери на автомобили, познати личности кои сакаат автомобили, техничари, експерти и тркачки возачи) – ги испитаа сите кандидати според критериуми засновани на шемата за тестирање AUTO BILD. Покрај златната награда во осумте класи на возила, се додели и „Златен Волан“ за најубав автомобил, чиј избор е 100% на читателите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER