Zeekr 001 – Започна производството

Вести насловна

Гласен изглед за тивок Кинез

Zeekr 001 ги мрси конците на електричните германци

објавено 22.октомври 2021

Суперлативите изречени на адреса на Zeekr датираат од неговото претставување како студија. Сега тие се оправдуваат со започнувањето на сериското производство на Zeekr 001 во Нингбо, Кина. Неговите конструктори се убедени дека ова е најнапредниот електричен автомобил во светот!

Тоа се базира врз техничките својства, но и производството кое се одвива во најинтелигентната фабрика за автомобили во светот. Во процесот на производство не постојат грешки, а доколку се направи, се поправа себеси. Јавноста го виде Zeekr 001 за прв пат во април оваа година пред Саемот за автомобили во Шангај. Се базира на одржливата електрична архитектура на Geely. Погонот има моќност од 545 КС и развива максимален вртежен момент од 768 Nm. Забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,8 секунди и сопира од 100 км/ч до 0 по 34,5 метри. Неговата батерија од 100 kWh може да се наполни од 10% до 80% за 30 минути. Првите примероци ќе се испорачаат овој викенд во Кина.