Заврши IAA 2021 (фото галерија, 247 фотографии)

насловна Салони фото галерии

И ова е успех

Првиот поголем салон на автомобили во овие две години ги сумираше импресиите и резултатите

Објавено на 14 септември 2021 година

Премиерното издание на светски познатиот IAA во нов формат успешно помина – тоа е оценката на организаторите кои го преселија од Франкфурт во Минхен за да му дадат нова привлечност. И успеаја во тоа – покрај отсуството на повеќе големи производители на возила и корона ограничувањата, салонот го посетија 400.000 луѓе. Одлична бројка, ако се знае дека времетраењето му беше скратено на половина. Организаторите велат дека тие дошле од 96 земји да видат што вкупно 744-те изложувачи покажуваат на простор од 260.000 квадратни метри. Главниот настан беше на минхенскиот велесаем, но целата манифестација беше распослана на уште седум други локации низ градот. Ако продолжиме со бројките ќе откриеме дека две третини од посетителите биле помлади од 40 години, но и дека 45 отсто примарно се интересирале за велосипедите. Тоа треба да биде јасен сигнал за сите идни салонски манифестации, без разлика каде во светот се одржуваат. Деталните анализи и заклучоци сепак ќе им ги оставиме на организаторите, а ние да ја погледнеме фото-галеријата од настанот.