Кинеските производители BYD, Geely и SAIC на кои им се приклучи и BMW поднесоа жалба на одлуката на европската комисија за воведување царини за нивните електрични возила произведени во Кина. Тие ги оспоруваат направените проценки на државните субвенции што ги добиваат, начинот на пресметувањето на давачките и доказите за штетата што европската автоиндустрија би ја претрпела.
Спорно е и тоа што Tesla која исто така произведува во Кина има значително пониски давачки од 7,8 отсто, за разлика од другите кои се движат меѓу 17 и 35,3 отсто. Заради Cupra Tavascan со царините ќе биде погоден и Volkswagen, кој барем засега не реагира. Сега на потег е европската комисија која има рок од два месеца да одговори пред судот во Луксембург каде е поднесена жалбата.