Zagato Zele :: Zagato каков не очекувавте

Zagato каков не очекувавте

Кога ќе се спомене Zagato веднаш се помислува на нешто бесно или ултра-елегантно, но…
Објавено на 4 декември 2018 година

Италијанската дизајнерска куќа Zagato е позната по обликувањето на бројни спортски и GT модели и соработката со најугледните авто-компании. Такво е и последното нивно дело кое доаѓа со знакот на Aston Martin и навистина плени. Но на почетокот на 70-тите тие направија едно сосема поинакво возило. Дотогаш Zagato веќе ја имаше изградено својата репутација и реши да се испроба на полето на микроавтомобили, и тоа на струја. За жал многу предвреме, но сепак малиот и коцкаст Zele, како што се викаше, беше произведен во околу 500 примероци. Се појави во Женева во 1972 година и претставуваше сé спротивно од другите возила што го носеа потписот на Zagato. Беше базиран на механичката основа на Fiat 500 и се произведуваше во три верзии со ознаки 1000, 1500 и 2000. Интересно е дека овие бројки ја означуваат моќноста на електромоторот – во вати. Уште поинтересно е дека максималната автономија што му ја обезбедуваа 4-те батерии од 12 V изнесуваше околу 80 km.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER