За триесет дена три сосема нови модели од Mercedes

За триесет дена три сосема нови модели од Mercedes

Mercedes годинава ја започна доста агресивно – за само еден месец претстави три сосема нови модели
Објавено на 19 февруари 2018 година

Последниот во низата е третата генерација на доставниот Sprinter, кој со дизајнерски скици беше најавен уште есенва. За жал на патот до серискиот модел загуби доста од футуристичките линии, кои иако останаа складни изгледаат некако обично. Во однос на досегашната генерација сепак е доста помодерен и малку потсетува на Vito. Препознатливоста во целост е задржана, а голем акцент е ставен на кабината. Потполно новиот концепт во внатрешноста донесе нови седишта, современа инструмент табла и повеќенаменски управувач. Се истакнува големиот централен дисплеј чувствителен на допир со кој се контролираат скоро сите функции на возилото. Бројни се можностите за поврзување, а системите за помош на возачот ги надминуваат стандардите кај доставните возила.

Mercedes Sprinter За што поголемо задоволување на потребите на корисниците, новиот Sprinter ќе биде достапен во огромен број верзии. Од Mercedes споменуваат импресивна бројка од 1.700, која не е конечна. Поголем дел од нив се со погон на задната оска, а опционално на сите тркала. Голема новост е основната верзија со предни погонски тркала и попречно сместен мотор. Ваквото конструктивно решение овозможува за 50 килограми поголема носивост и за 80 милиметри понизок заден дел што го олеснува товарањето. За неа се наменети новоразвиен 6-степен менувач и за прв пат кај вакво возило 9-степен автоматик. Покрај мануелниот со 6, верзиите со погон на задните или сите четири тркала имаат автоматски менувач со 7 степени. Поголем дел од европската палета на Sprinter ќе биде опремувана со проверениот 2,1 литарски дизел мотор. Тој ќе се нуди со четири нивоа на моќност меѓу 114 и 177 коњски сили. За најсилните верзии е резервиран трилитарски V6 со 190 коњи. Идната година ќе се појави и електрична варијанта на Sprinter, за која спецификациите не се познати.

Од 1995 година досега Mercedes има продадено скоро три ипол милиони примероци од Sprinter. Нарачките за новата генерација веќе се примаат, а првите испораки се најавени за јуни.

Mercedes Sprinter

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER