Mazda MX-5 :: За повисоко ниво на адреналин

За повисоко ниво на адреналин

После скоро четири години по неговото лансирање, Mazda ги направи првите корекции на MX-5 родстерот
Објавено на 24 јуни 2018 година

Очигледно задоволни од направеното, измените на Mazda MX-5 однадвор се невидливи. Главната измена е во засилувањето на дволитарскиот SkyActiv агрегат, кој сега развива 181 место 160 коњски сили. Тој нив ги постигнува при дури 7.500 вртежи во минута, што значително ќе го подигне нивото на адреналин. Ова зголемување на силината е постигнато со корекции на всисниот и издувниот систем, обработена глава на моторот и нови клипови и клипници. Максималниот вртежен момент порасна малку – од 200 на 205 Nm, но затоа Јапонците тврдат дека подобрената Mazda MX-5 има намалена потрошувачка на гориво. Иако бројки за нив не се споменуваат, уверливите перформанси се задржани. Mazda MX-5Исто и идеалниот баланс на тежината по кој овој модел е ненадминат. Ослонувањето и управливоста се подобрени, а додадени се и нови тркала. Безбедноста е унапредена со нови електронски асистенти, а управувачот може да се подесува и по висина и по длабочина. Благо доработен е и помалиот 1,5 литарски мотор кој и понатаму нуди 130 коњски сили, но со намалена потрошувачка и почисти издувни гасови.

Оваа верзија на Mazda MX-5 која веќе е во продажба во Јапонија, во Европа ќе пристигне кон средината на септември.

Mazda MX-5

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER