Yangwang U8L – Луксуз по кинески терк

Со новата изведба на кросоверот Yangwang U8, кинескиот BYD реши директно да ги нападне Rolls-Royce и Bentley.

Нападот на традиционалните луксузни марки Кинезите го прават со тешка артилерија.

Каросеријата продолжена на 5,4 метри е исполнета со мноштво луксуз па дури и позлатени детали. Во неа има место за шест патници кои ќе патуваат безгрижно благодарејќи на напредниот систем за помош на возачот со три лидари.

За погон се задолжени четири електромотори за секое тркало по еден со вкупно 1.200 коњски сили. Напојувани се од батерии доволни само за 180 километри пат после што на сцена стапува дволитарскиот турбо бензинец кој ја произведува потребната струја.

Според изгледот се разликува по тоа што резервното тркало е преместено од вратата на багажникот која хоризонтално е поделена на два дела. Цената не е позната но најавено е дека ќе биде значително повисока од онаа на стандардниот модел кој чини преку 130 илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER