Xiaomi YU7 – Нова бомба од Кина

Ознаката YU7 алудира дека Xiaomi му покажува заби на Tesla Model Y

Xiaomi продолжува со проширувањето на својата понуда. По моќниот седан SU7 сега го најавува спортско-корисното возило YU7 кое е најавено да започне со продажба во вториот квартал на годинава.

Несомнено дека Кинезите имаат големи амбиции. Иако не се објавени детали за него, се калкулира на три изведби кои имаат голема автономија. Како што е објавено, основната верзија ќе има погон на задните тркала и уште две со погон на двете оски. Според кинескиот циклус на мерење на потрошувачката (CLTC) новиот модел ќе има автономија, во зависност на изведбата, од 670 до 760 км.

Тоа ќе биде голем удар на неодамна ажурираниот Tesla Model Y, особено што YU7 е прилично поголем од Tesla. Тој бележи дури 20 цм поголема должина и 11 цм поголемо меѓуоскино растојание. Цените за Xiaomi YU7 засега се непознати, но се калкулира дека основниот модел со погон на задната оска, во Кина, би чинел околу 32.000 евра и би достигнале нешто повеќе од 40.000 евра за изведбите со погон на сите тркала.

Среќа за Tesla, Xiaomi што планира да ги продава своите модели само во Кина. Прашање на време е кога таа политика ќе се смени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER