Xiaomi SU7 Ultra – Врвни перформанси

Xiaomi гази сé пред себе

Веднаш откако се пофали дека четири месеци по ред продаваат повеќе отколку што очекувале заради што производствените капацитети им се пребукирани. Сега ја претстави најмоќната верзија на својот засега единствен модел SU7.

А таа со целата почит ја заслужува ознаката Ultra која ѝ ја обезбедуваат три електромотора, два напред и еден назад со вкупно 1.548 коњски сили. Тие ја забрзуваат лимузината со четири врати до сто на час за точно 1,98 секунди, додека максималната брзина е проектирана на 350 километри на час.

За безпроблематично напојување со струја се грижат батериите со работен напон од 900 волти, кои до 80 отсто од капацитетот се полнат за само 11 минути. Своите потенцијали овој модел ги докажа на Нирбургринг каде северниот круг долг 20,8 километри го помина за 6 минути и 47 секунди, што е за дури 21 секунда побрзо од Porsche Taycan Turbo GT.

Затоа и не чуди што Xiaomi за првите десет минути собра 3.680 нарачки за оваа спортска лимузина која во Кина чини 105 илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER